Политичари од некои држави што се граничат со Русија, во последно време се понагласено ги канат американските војници на нивна територија. Желба за отворање на постојани американски бази на нејзина територија изрази Варшава, а по провокацијата во Керченскиот Теснец – и Киев.
Европската комисија ги отфрли наводите дека нејзиниот претседател Жан Клод Јункер е во лоша здравствена состојба, по објавените снимки на кои се гледа како Јункер се сопнува на приемот во Виена.
Речиси 2.000 лица се осудени на доживотен затвор во Турција, во рамките на судските процеси поврзани со обидот за државен удар во јули 2016 година.
Судот во Малезија го прекина судењето на обвинетата за убиството на Ким Џонг Нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бидејќи адвокатите на обвинетата побараа дополнително време за да ги прочитаат пишаните изјави на сведоците.
Германската полиција спроведе рација во џамија во Берлин, бидејќи имамот е осомничен за префрлување пари на исламските борци во Сирија.
Вредноста на биткоинот, по повеќемесечниот пад, се искачи над 3.400 долари. Растот е благодарение на зголеменото купување на криптовалутата во Јапонија и во Хонг Конг.
Уставниот суд на Германија денеска ја отфрли жалбата, која ја поднесе десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), тврдејќи дека одлуката на канцеларката Ангела Меркел да дозволи влез на стотици имигранти во Германија, претставува кршење на Уставот.
Поради незаконско ловење елени и срни, ловец од американската сојузна држава Мисури е казнет со доживотна забрана за лов, една година затвор, и додека е во установата еднаш месечно да го изгледа цртаниот филм „Бамби“.
Американската берза на акции забележа вчера огромен пад, пред се поради стравувањата дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки во текот на оваа недела.
Израелскиот весник „Џерусалем Пост“ пишува дека растечката загриженост дека американските бродови би можеле да се повлечат од пристаништето Хајфа откако Кина ќе ја преземе контролата врз него, врз основа на договорот од Шангај, би можело да доведе до преиспитување на тој договор.