Врховниот суд на Германија го доведе во прашање законот за забрана на бракови на малолетни лица и побара проверка на неговата уставност, јавуваат денеска германски медиуми.
Интеграцијата на бегалците кои од изминатите години се во Германија се одвива брзо и поуспешно од очекуваното, изјави претседателот на Сојузот на германски работодавачи, Инго Крамер.
Во киевскиот храм „Света Софија“ денеска започна црковниот собор на украинското православие, на кој учествуваат црковната хиерархија, свештеници и верници, соопшти Киевската патријаршија.
Француската Влада ги повика новинарите и фоторепортерите да го пријават полициското насилство по бројните сведоштва и насилничките судири со полицијата по демонстрациите од 8 декември, јавува дописникот на МИА.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш доцна синоќа изрази загриженост по одлуката на Косово за формирање војска, повикувајќи ги „сите страни“ на воздржаност, додека 15 земји членки на Советот за безбедност на ОН одржаа неформален состанок на барање на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази загриженост по веста дека косовскиот Парламент усвои три закони чија цел е јакнење на улогата и капацитетот на косовските безбедносни сили и притоа ги повика „сите страни“ на воздржаност, јави Танјуг.
Единаесет лица, меѓу кои две деца, починаа денеска од труење со храна послужена во храм во јужната индиска држава Карнатака, соопшти полицијата.
Жолтите елеци и покрај повиците да не протестираат по атентатот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, сепак, денеска одлучија да протестираат, јавува дописникот на МИА.
Долниот дом на полскиот Парламент синоќа и изгласа доверба на Владата на конзервативната националистичка партија Право и Правда (ПиС), јави ДПА.
За најавената традиционална годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, закажана за 20 декември, има пријавено рекорден број новинари од руските медиуми, но и известувачи од странство.