Русија се искачи на второ место меѓу земјите производители на оружје во 2017 година. Таа е рангирана по САД, кои се на првата позиција, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).
Обединетите нации најавија почетокот на операцијата за доставување хуманитарна помош на 650 000 Сиријци преку границата меѓу Јордан и Сирија.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција
Русија го одложи развојот на самонаведувачкиот „паметен” куршум на неопределен период, јавија руски медиуми, оповикувајќи се на извори од воено-индустрискиот сектор.
Таа беше уапсена на 1 декември во Канада, по барање на САД поради сомневања за измами поврзани со наводно нарушување на американските санкции против Иран. Менг може да биде екстрадирана во САД, но се уште не е донесена таква одлука.
Вршителот на должноста премиер на Ерменија Никол Пашињан ги пофали денешните парламентарни избори како „навистина слободни, транспарентни и демократски”, јави ДПА.
Девет партии и две коалиции учествуваат на изборите, а анкетите покажуваат дека блокот „Елк“ (Исход), кој ја вклучува партијата Граѓански договор на Пашињан, лесно ќе освои мнозинство во Парламентот.
Гислан Кутар, автомеханичар од Нарбон, стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“. Тој е изненаден од одзивот, но и од насилната реакција на полицијата.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави скоро распуштање на Палестинскиот законодавен совет, каде мнозинство има движењето Хамас.
Движењето и протестите на „жолтите елеци“ ќе имаат сериозно влијание на националната економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.