Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави скоро распуштање на Палестинскиот законодавен совет, каде мнозинство има движењето Хамас.
Абас на синоќешната конференција во Рамала изјави дека „највисоката законодавна институција на Палестина“ ќе биде распуштена во предвидениот закон.
Тој не прецизираше кога Советот ќе биде распуштен, но тоа сигурно ќе предизвика незадоволство кај приврзаниците на Хамас, оценува „Анадолија’.
Палестинскиот законодавен совет има 132 претставнички места, при што Хамас има 76 пратеници, а движењето на Абас „Фатах“ има 43. Преостанатите 13 пратеници се независни или доаѓаат од левичарксите редови.
Актуелниот состав на Советот е од изборите одржани во 2006 година. парламентарни избори не се одржувани поради политичката криза која изби меѓу ривалските движења Хамас и Фатах, кои водат паралелни управи во Појасот Газа и на Западениот брег. Во октомври, претставници на тие две движења потпишаа Договор за помирување, со кој треба да се надминат долгогодишните несогласувања.