Во Ерменија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, на кои сегашниот премиер Никол Пашињан, кој дојде на власт годинава со мирна револуција, смета на зајакнување на неговата власт и намалување на влијанието на поранешната владејачка Републиканска партија.

Девет партии и две коалиции учествуваат на изборите, а анкетите покажуваат дека блокот „Елк“ (Исход), кој ја вклучува партијата Граѓански договор на Пашињан, лесно ќе освои мнозинство во Парламентот.

Пашињан е поранешен новинар кој во 2008 година помина извесно време во затвор за поттикнување немири. Но, поранешната владејачка Републиканска партија сé уште има контрола во Парламентот избран во 2017 година. Пашињан изјави дека очекува усвојување нови закони кои подобро ќе ги одразуваат новите политички реалности во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 22:33