Претседателот на САД Доналд Трамп нема да го потпише законот за финансирање на федералната влада, одобрен од американскиот Сенат, изјави за новинарите претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан, по средбата со шефот на државата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали својот албански колега Еди Рама за протерувањето од Албанија на иранскиот амбасадор Галамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат под обвиние „за терористички заговори на територијата на Албанија“.
Правосудниот маратон во Шпанија во случајот со излевање нафта од бродот „Престиж„ во 2002 година заврши, откако Врховниот суд го потврди износот на отштета од над 1,5 милијарди евра во денешната одлука.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди брегот на Камчатка, на рускиот Далечен исток, не предизвика штета, а мина и опасноста од цунами, соопштија локалните власти.
Украинскиот Парламент денеска донесе закон, кој може да ја принуди поддржаната од Москва црква во Украина да додаде „руска” кон името, со цел да го ограничи влијанието на свештеници, кои според властите, претставуваат закана за националната безбедност.
Австрискиот канцелар Себајстијан Курц ќе отпатува утре во Романија за симболично да му го предаде претседавањето со ЕУ на официјален Букурешт.
Четворицата каталонски лидери, кои од октомври 2017 година во затвор чекаат судење за побуна против Шпанија, го прекинаа штрајкот со глад откако ги исполнија целите и ја тужеа Шпанија во ОН, објавено е денеска, еден ден пред најавениот протест против посетата на премиерот на Шпанија на Барселона.
Претседателските избори во ДР Конго се одложени за 30 декември поради пожарот, кој уништи изборен материјал и електронски гласачки машини.
Државна адвокатка од американската држава Илиноис, Лиса Мадиган, тврди дека шест бискупии не известиле за сексуални злоставувања на најмалку 500 католички свештеници.
Силен земјотрес, со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала е регистриран близу брегот на Камчатка, на Далечниот исток во Русија, соопшти Геофизичка служба на Руската академија на науките.