Претседателот на Русија Владимир Путин денеска предупреди дека доколку САД почнат со производство на ракети кои се забранети согласно Договорот за проектили со кус и среден дострел (ИНФ), и Русија ќе го направи истото.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека наскоро ќе го придвижи законскиот проект за борба против семејното насилство, откако вчера десетици илјади Израелци протестираа во Тел Авив и ја обвинија Владата за неактивност по прашањето.
Досегашниот министер за финансии Ули Маурер денеска, од страна на Парламентот, беше избран за претседател на Швајцарија.
Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска побара од „политичките и синдикалните сили и работодавачите да испратат јасен и експлицитен повик за смирување”, рече портпаролот на Владата, Бенџамин Гриво, со цел понатаму да се спречат ризиците од ново насилство во кризата со “жолтите елеци”.
Реализацијата на плановите на Косово за формирање сопствени вооружени сили претставува кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека е неопходно спроведување на меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Доколку САД се повлечат од Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), цел на руските проектили ќе бидат земјите во кои се распоредени американски ракетни системи, изјави денеска началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, генерал Валери Герасимов.
Елисејската палата одби да ја коментира ироничната порака на американскиот претседател Доналд Трамп испратена до претседателот на Фанција, Емануел Макрон за да го пролонгира зголемувањето на цената на горивата по протестите.
„Томсон Ројтерс“, една од најголемите новински агенции во светот, планира да отпушти 3.200 лица, што претставува 12 отсто од вкупниот број на вработени и да го намали бројот на редакциите за една третина, од 185 до 133.
Дирекцијата за цивилна заштита и управување со кризи на Нова Каледонија го повлече предупредувањето за опасност од цунами, што беше изадено утрово по трите силни земјотреси во водите на Тихиот Океан источно од островот.