Русија е загрижена околу состојбата во сферата на неширењето на оружјето и разоружувањето, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи стравување дека е можна нова трка во вооружувањето.
Францускиот новинар Реми Бисон додека се јавуваше во живо од протестот на „жолтите елеци“ во Брисел беше приведен од полицијата.
Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска изразија „огромна загриженост“ поради задржувањето на украинските бродови и морнари од страна на Русија близу Крим и ги повикаа Москва и Киев да покажат воздржаност.
Американскиот претседател Доналд Трамп со твит испратен од Буенос Аирес, каде допатува за учество на Самитот на Г-20, се огради од изјавите на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен за купувањето имот во Русија, обвинувајќи дека целиот случај претставува „лов на вештерки“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, канадскиот премиер Џастин Трудо и мексиканскиот претседател Енрике Нијето денеска потпишаа нов Договор за трговија.
Пет лица – четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.
Хавајската принцеза Ебигејл Кавананакоа (92) ѝ остави 40 милиони долари и целиот свој имот во наследство на својата сопруга Вероника Гејл Ворф, со која се во врска веќе 20 години.
Белгиската полиција денеска се судир со стотици демонстранти облечени во жолти елеци, кои го блокираа центарот на Брисел, протестирајќи поради високите даноци и трошоци за живот.
Промовирањето на идеологијата за „Голема Албанија“ ќе доведе до нестабилност на Балканот и обновување на конфликтите, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
До крајот на 21. век се очекува просечните темератури на светско ниво да пораснат за три до пет степени Целзиусови, што ги надминува досегашните проценки од два степена, предупреди Светската метеоролошка организација при Обединетите нации (ВМО).