Речиси 4.860 вработени во банки во Европската унија во 2017 година заработиле по милион евра што е зголемување за 5,7 отсто на годишно ниво. Тоа е нагласено во извештај на Европската агенција за надзор на банки.
Венецуелскиот парламанет одобри прогласување национална состојба на тревога поради кризата со електроснабдуавњето поради што е парализирана државата веќе петти ден.
Британскиот Парламент денеска ќе гласа за Договорот за Брегзит, кој веќе еднаш го отфрли во јануари годинава.
Соединетите Американски Држави ќе го повлечат целиот дипломатски персонал кој се уште се наоѓа во нивната Амбасада во Каракас поради влошување на кризата во земјата, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.
Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Британската премиерка Тереза Меј во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека повторно ќе го отфрлат договорот.
Американскиот претсeдател Доналд Трамп предложи рекорден буџет од 4,7 билиони (4.700 милијарди) долари за буџетската година што почнува на 1 октомври.
Во електричен трансформатор во главниот град на Венецуела, Каракас, денеска се случи експлозија.
Во делот насловен „Борба против злонамерното руско влијание“ се предвидени 500 милиони долари „во полза на општата безбедност, заштита на територијалниот интегритет на сојузниците на САД, и обесхрабрување на земјите партнери од користење на руска воена техника“.
Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно бебе, загинале во поплавите предизвикани од поројни дождови во Бразил.