Активисти за правата на животните денеска во Барселона протестираа против користење крзно и кожа од животни.
Северна Кореја денеска ја осуди американската администрација бидејќи ги заостри санкциите и го засили притисокот врз земјата, а Пјонгјанг истовремено предупреди дека севернокорејското разоружување може да биде блокирано засекогаш.
Движењето „Жолти елеци“ и денеска протестира низ цела Франција, а демонстрантите ги блокираа кружните текови во земјата и покрај повикот на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане да се тргнат од таму.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е потребна „веродостојна“ истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Во Германија оваа година се родени 30.000 бебиња на мигранти, додека германските власти предвидуваат намален број барања за азил до крајот на годината.
Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган дека Вашингтон работи на екстрадиција на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го смета за органзирање на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година. Тоа го трвди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Популарноста на претседателот на Франција, Емануел Макрон се намали за два процента за само еден месец, од ноември до декември, според анкетата на Ифоп објавена за весникот Ле Журнал ди Диманш, само 23% од испитаните изјавиле дека се задоволни од него, јавува дописникот на МИА.
Британскиот министер за образовение Демијан Хиндс изјави денеска дека владата не планира повторно референдум за брегзит, а со тоа ги негираше наводите на министри дека се разгледува можност за такво гласање.
Австралиското признавање на Западен Ерусалим за изразелски главен град „предизвикува страв“ и „е пристрасно“, изјави денеска шефот на Арапската лига.
На островото Сулавези во Индонезија, денеска е регистрирана ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри висина.