САД и Русија соопштија дека во моментот не можат да ја поддржат резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации со која се апелира за прекин на огнот во Либија, тврдат неименувани дипломати.
После 19 месеци чекање во руски затвор на судење за „екстремизам“, Денис О. Кристенсен, Јеховин сведок од Данска, кој беше притворен поради неговите верски убедувања, кон крајот на годината доби неочекуван подарок од претседателот Владимир Путин.
Водечкиот синдикат на пилоти во Франција (СНПЛ) ја предупреди Владата дека ќе организира штрајк од 6 до 11 мај, ако новиот закон ги намали нивните овластувања во преговорите.
Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, затоа што „ја загубил поддршката“ од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).
Треба да се види дали извештајот на американскиот специјален советник Роберт Малер за резултатите од истрагата за наводна вмешаност на Русија во американските избори 2016 година е воопшто вреден за анализа и дали со тој извештај треба да се запознае рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков
Деталите од објавениот извештај на специјалниот обвинител Роберт Малер од истрагата за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година, откриваат повеќе интригантни моменти за обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја поткопа истрагата за да биде ослободен од одговорност
Судот во Истанбул денеска изрече доживотни затворски казни за 11 поранешни припадници на жандармеријата во Истанбул, кои се товарат за учество во обидот за воен удар пред три години, за чија организација официјална Анкара го сомничи имамот Фетулах Ѓулен
Истражните органи сметаат дека причина за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што избувна во понеделникот, е краток спој, изјави денеска неименуван претставник на француската судска полиција
Привремена дрвена катедрала би можела да биде поставена пред црквата Нотр Дам во Париз се додека трае обновата на опожарениот објект, соопшти денеска ректорот на катедрала Патрик Шуве
Три дена по пожарот што ја опустоши париската катедрала Нотр Дам, експертите изразија стравување од уривање на три главни елементи на нејзината структура