Францускиот премиер Едуар Филип денеска соопшти дека ќе биде објавен меѓународен конкурс за архитекти за повторна изградба на централната шилеста кула на катедралата Нотр Дам.
Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди денеска изјави дека околу 150 луѓе се водат како исчезнати по бродоломот во езерото Киву.
Јужнокорејската полиција уапси 42-годишен маж обвинет за подметнување пожар и убиство на пет лица.
Испраќањето на британските хеликоптери во Естонија и приказната за „одвраќање на Русија” е уште една намерна провокација, соопшти синоќа руската амбасада во Лондон.
Трговската војна меѓу САД и ЕУ не стивнува целосно, па овој пат ЕУ се закани со царини поради американските субвенции за „Боинг“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Стотици луѓе се собраа синоќа на молитва во близина на катедралата Нотр Дам во Париз, во која пред два дена изби катастрофален пожар.
Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.
Инстаграм ги блокираше профилите на повеќе команданти на Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), во согласност со одлуката на САД со која ја прогласи за терористичка група.
Стотици милиони евра се ветени за помош за обнова на Нотр Дам откако катастрофалниот оган делумно ја уништи француската катедрала.
Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во синоќешниот голем пожар оваа катедрала е многу оштетена.