Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД избрале погрешен пат со повторното воведување на санкции кон Иран.
Опозиционерот Алексеј Навални денеска доби решение да ја напушти Русија за да присуствува на изрекувањето на пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба поднесена од него.
Руските вооружени сили преземаат мерки за заштита на своите комуникации, бидејќи многу земји ги зајакнале своите капацитети за изведување на кибер-напади, соопшти денеска висок руски претставник.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави денеска дека поднесува оставка од функцијата во конзервативната коалициска Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Невработен Турчин, кој се качил на покривот на турскиот Парламент во Анкара, се заканува дека ќе се самоубие, објави турската телевизија НТВ.
Шведските пратеници денеска ја отфрлија предложената малцинска влада на Умерените партии на десниот центар и Христијанско-демократска партија, поради што земјата нема влада иако изборите се одржаа на 9 септември.
Во Иран е обесен таканаречениот „султан на златниците“, заедно со негов соучесник, јавија локалните меидуми.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Дојче веле изјави дека сите членки на Алијансата се согласуваат дека новиот руски ракетен систем е причина за загриженост.
Договорот за Брегзит, кој го предлага британската премиерка Тереза Меј, потенцијално може да доведе до распад на Обединеното кралство, бидејќи сугерира различен став кон Северна Ирска. Тоа го изјави денеска пратеникот од Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, Џефри Доналдсон.
Долгогодишниот политички активист Моше Лион беше избран за градоначалник на Ерусалим, што претставува победа на ултраортодоксните еврејски жители на градот.