Францускиот претседател Емануел Макрон денеска не сакаше да ги коментира нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп објавени на Твитер.
Поранешниот претседателот на регионалната Влада на шпанската покраина Каталонија, Артур Мас осуден е да плати казна од 4,9 милиони евра, колку што се потрошени за референдумот за каталонска независност, што тој го организираше во 2014 година.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, во говор пред Европскиот Парламент ја даде својата поддршка за создавање европска армија, тема која е извор на политички тензии со САД.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика ЕУ да ги обнови економските врски со Русија, нагласувајќи дека една од идеите на Европа беше создавање на „единствен европски простор од Лисабон до Владивосток“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку твитови „го нападна“ францускиот претседател Емануел Макрон поради „нефер“ трговските потези.
Во Велика Британија повеќе од 7.000 семејства сѐ уште гледаат телевизија на црно-бел телевизор, иако веќе 60-ина години ТВ-програмите се во боја, пишува Би-би-си.
Повратникот од политичкото прогонство, бизнисменот Фридрих Мерц за кусо време се наметна како главен фаворит во трката за наследник на Ангела Меркел на лидерската позиција во германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), со што би си осигурал учество во битката за функцијата канцелар, која може да се случи уште во текот на следната година.
Бројот на државјани на земјите членки на Европската унија кои работат во Велика Британија, од минатата година заклучно со септември, е намален за 132.000 на 2,25 милиони, што претставува најголем пад на бројот на работна сила на годишно ниво, соопшти британскиата Национална агенција за статистика.
Медицински работник по потекло од Полска е осомничен дека убил шестмина постари пациенти во Германија и дека планирал да убие уште најмалку тројца, соопшти денеска германската полиција.
Лидерите на Асоцијацијата на нации на југоисточна Азија (АСЕАН) го почнаа годишниот самит со повик да работат заедно на решавање на тензиите околу трговијата и други политички прашања.