Невладината организација „Репортери без граници“ во Лондон награди четворица новинари за нивните истраги за кибер-малтретирање, организиран криминал и авторитарна држава.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е „непријатно изненаден“ од веста дека поранешен австриски полковник е обвинет за шпионажа во полза на Москва.
Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска апелираше до своите сонародници да го прифатат „демократскиот патриотизам“ и да го отфрлат агресивниот национализам, со кој историјата на земјата се претставува како „поубава“ отколку што говорат фактите.
Русија денеска го повика австрискиот амбасадор во Москва, откако во Виена беше соопштено дека поранешен австриски воен полковник е обвинет за шпионирање во Австрија во полза на Русија.
Турското Обвинителство издаде налог за апсење на најмалку 103 припадници на Вооружените сили на Република Турција (ТСК), поради поврзаност со движењето на Фетулах Ѓулен кое Анкара го смета за одговорно за обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, јави агенцијата Анадолија.
Продажбата на американско оружје во странство во текот на минатата фискална година, од 1 октомври 2017 до 30 септември 2018, е зголемena за 13 проценти на годишно ниво, на вкупно 182,3 милијарди долари, соопшти Стејт департментот.
Филипинскиот суд ја осуди поранешната прва дама Имелда Маркос за политичка корупција и издаде налог за нејзино апсење.
Блиската соработничка на германската канцеларка Ангела Меркел и една од кандидатите за нејзин наследник на функцијата лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер предложи доживотна забрана за влез во Европа на мигрантите кои ќе бидат осудени за сериозни кривични дела.
Австралиската полиција смета дека нападот со нож во Мелбурн е терористички инцидент, изјави полицискиот комесар на државата Викторија, Грахам Ештон.
Белгија побара помош од Европската Унија откако Колумбија отвори антидампинг истрага за увозот на замрзнати компири од неколку европски земји.