Русија денеска го повика австрискиот амбасадор во Москва, откако во Виена беше соопштено дека поранешен австриски воен полковник е обвинет за шпионирање во Австрија во полза на Русија.
Австрискиот амбасадор Јоханес Ајгенер бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, објавија руските државни медиуми.
Австрискиот полковник, кој се пензионирал пред пет години, е осомничен дека работел за руски разузнавачи од 1988 година.
Австрија е една од неколкуте земји-членки на Европската унија која одржува блиски дипломатски контакти со Русија.