Бурите во северна Италија денеска предизвикаа хаос и голема материјална штета, особено во североисточната провинција Белуно.
Јавниот живот во Пакистан и денеска беше блокиран поради тоа што веќе трет ден траат протестите на исламистичките групи против одлуката на Врховниот суд да ослободи христијанка, осудена на смрт поради богохулење.
Универзитетска професорка и нејзиниот сопруг се уапсени под обвинение дека четири години држеле градежен работник како роб во шупа во Англија.
Повеќето Италијанци го гледаат Матео Салвини, лидерот на антиимигрантската Лигата „без влакна на јазикот”, како вистински шеф на владата, додека секој шести смета дека на премиерот, Џузепе Конте,таа улога „му лежи“, се наведува во резултати од анкета.
Холандското државно обвинителство денеска објави дека истрагата за околностите за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хашкиот суд не покажала кога и како поранешниот командант на Генералштабот на ХВО дошол до цијанкалиум.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини порача по повод 2 Ноември – Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари, дека демократијата не може да опстане без слободни разновидни и независни медиуми.
Британскиот телекомуникациски оператор „Бритиш Телеком“ извести за раст на добивката од два проценти во првата половина од годината. Тие известија и за повисоки проекции на деловните резултати за цела година откако планот на групацијата почна да дава резултати, соопшти генералниот директор во заминување Гевин Петерсон.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се труди да зборува вистина секогаш кога може и покрај тоа како го претставуваат медиумите.
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави нови мејлови од време на претседателската кампања во 2016 година во САД, кои покажуваат дека политичкиот оперативец Роџер Стоун му се претставил на тогашниот шеф на предизборниот тим на Доналд Трамп, Стив Бенон, како инсајдер на Викиликс.
Ајфеловата кула синоќа не беше осветлена во знак на почит за убиените новинари во светот по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, кој се одбележува денеска.