Норвешкиот дипломат Геир Педерсен ќе биде новиот пратеник на ОН за Сирија, соопшти синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Најмалку 6.000 Венецуелци вчера беа на северната граница на Перу со надеж дека ќе влезат на перуанска територија, пред да истече крајниот рок за добивање на право за престој во Перу.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изрази жалење поради одлуката на австриксата Влада за повлекување на Виена од Договорот на ОН за миграција.
Бројот на Британци кои аплицирале за ирско државјанство е речиси двојно зголемен во споредба со 2015, годината пред референдумот во Британија за излегувањето на земјата од Европската унија.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за забрана на пластичните производи за еднократна употреба.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по повод претстојниот Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите порача дека демократијата не може да опстане без слободни, разновидни и независни медиуми.
Германската Влада денеска донесе одлука за зголемување на минималниот надомест за еден час работа, кој од почетокот на следната година ќе изнесува 9,19 евра.
Според официјални податоци објавени вчера, САД оваа година обезбедиле 81,5 милијарди долари за граѓанското и военото разузнавање за дома и во странство.
Тринаесетгодишно дете паднало во кома и се бори за живот во една од белгиските болници по обид за самоубиство, информираат медиумите утринава.
Белгиските весници ДХ и ХЛН откриваат нови елементи од истрагата за наместените фудбалски натпревари во Белгија, во кои се вмешани српски и македонски граѓани.