Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Северниот остров на Нов Зеланд, соопшти америкaнскиот Сеизмолошки институт.
Врховниот суд на Јужна Кореја пресуди денеска дека јапонската корпорација „Нипон стил енд сумитомо метал” треба да обесштети четворица Јужнокорејци за нивната принудна работа за време на Втората светска војна.
Палестинското раководство соопшти дека повеќе нема да ја признава Државата Израел и се очекува на денешната средба да дискутира како да го спроведе тоа решение.
Популацијата на диви животни е намалена за 60 отсто во периодот од 1970 до 2014 година, се наведува во извештајот на Светскиот фонд за природа, каде се алармира на драматично, континуирано губење и промени во биодиверзитетот.
Поранешниот лидер на конзервативниот блок во германскиот Парламент, Фридрих Мерц денеска официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на Христијанско демократска унија (ЦДУ), јави ДПА.
Американската воeна база „Рамштајн“ во Германија деновиве ја прими најголемата пратка на оружје и муниција, во време кога силите на НАТО во Европа ја засилуваат својата позиција на одвраќање на заканите поврзани со зголемените тензии со Русија, објави „Бизнис инсајдер“.
Еврејската заедница во Питсбург денеска ги погреба првите жртви на најсмртоносниот напад врз eвреи во американската историја, додека истовремено се најавуваат протести против планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на градот.
Постојат сомнежи дека иранската разузнавачка служба се обидела да изврши напад на територијата на Данска, информира денеска началникот на данските безбедносни сили Фин Борх Андерсен.
Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да земе петдневен непланиран одмор поради премореност, предизвикана од интензивниот распоред на работа, јави француското радио „Франс енфо“.
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска информира дека обуката на заедничките турско-американски воени патроли во сирискиот регион Манбиџ завршила и дека тие се подготвени за почеток на мисијата.