Штрајкот на носачите на багаж од компанијата „Авиапартнер“ на бриселскиот аеродром продолжува најмалку до среда наутро, најавија синдикатите. Ова е најдолгиот штрајк во историјата на овој клучен европски аеродром, а економските штети допрва ќе се мерат.
Холандскиот регулатор за финансиски пазар – АФМ соопшти дека се подготвува зголемување од 20 пати на финансиското тргување на својата инфраструктура, во случај Велика Британија да излезе од ЕУ во март без постигнат договор.
Побарувачката за биткоини би можела да ги поништи глобалните напори за ограничување на глобалното затоплување, бидејќи оваа попопуларна дигитална валута бара огромни количини на енергија за производство, предупредија научници.
Досие за Доналд Трамп направила тајната полиција на Чехословачка по неговата венчавка со Чехињата Ивана Зелницкова, објави прашкиот неделник „Респект“.
Федералниот суд во Питсбург денеска на напаѓачот врз синагогата во овој американски град, Роберт Грегори Бауерс му одреди мерка притвор без право на ослобидување со кауција.
Две млади лица загинале недалеку од Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале. Во сличен инцидент, едно лице загина во град Терачина, на сто километри југоисточно од Рим.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска ги обвини властите на Еквадор дека се подготвуваат да го лишат од правото на азил, благодарение на кое тој веќе неколку години живее во Eкавдорската амбасада во Лондон, и да го предадат на САД.
Поради поплавите туристите се евакуирани од плоштад Сан Марко, а сообраќајот на водните таксисти беше привремено прекинат. Само превозот до поодалечените острови остана во функција.
Кинескиот претседател Си Џинпинг и нареди на Јужната команда на кинеската војска, задолжена за надгледување на просторот на Јужно Кинеско Море и Тајван, да ја процени ситуација и да ги зајакне своите капацитети така што би можела да се избори со каква било вонредна состојба.
Ангела Меркел со денешната најава дека не планира да се кандидира за претседател на Христијанско демократската унија (ЦДУ), за пратеник и за каква било функција во Европска Унија по истекот на нејзиниот мандатот во 2021 година, е еден чекор поблиску до политичка пензија.