Лидерот на демократските претставници во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за време на кампања за изборите за во Конгресот во ноември, била нападната од толпа во јужна Флорида.
Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ) очигледно ги ограничува плановите на Вашингтон да оствари целосна доминација, изјави денеска заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе се повлечат од тој Договор со Русија.
Најмалку 17 лица загинаа, а околу 80 други се повредени денеска кога патнички воз излета од шините во округот Илан во источниот дел на Тајван.
Саудиските власти во петокот соопштија дека новинарот Џамал Кашоги бил убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага.
Претседателот на Управниот одбор на рускиот „Газпром“, Алексеј Милер изјави дека Србија може да се поврзе на гасоводот „Турски поток“, преку кој ќе се дистрибуира гас од Русија преку Црното Море до Турција.
Турција нема да дозволи да се заташка случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен на почетокот на месецот во Суадискиот конзулат во Итснбул, изјави денеска потпретседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Нуман Куртулмуш.
Од Тихиот Океан кон Мексико се движат две тропски бури, од кои едната би можела да прерасне во ураган пред да пристигне до копното, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.
Најмалку 11 лица, од кои шест деца, загинаа денеска при експлозија на бомба поставена крај пат во источната авганистанска провинција Нангархар.
Поголем број земји, асоцијации и меѓународни организации го осудија убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и побраа спроведување транспарентна и независна истрага за случајот.
Мексиканските власти соопштија дека ќе им дозволат влез во земјата на жените и децата, кои се меѓу мигрантите во најголемиот дел по потекло од Хондурас, кои чекаат да влезат во Мексико на премин на мексиканско-гватемалската граница.