Горниот дом на германскиот Парламент – Бундесратот постигна согласност за тоа да инсистира пред Долниот дом – Бундестагот, за забрана на носење бурки и друга облека која го покрива лицето во германските судови.
На ушите имам слушалки кои исклучуваат секаква бучава, но и натаму се слушам. И да биде се полошо, на канцелариските звучници оди музика - „Fast car“, необјасниво, третпат денеска - и покрај фактот дека сите носат слушалки за да ја избегнат бучавата и да си го скренат вниманието од непријатната агресија на канцеларијата од отворен тип.
Алжирската влада забрани покривање на лицето на работно место во јавни служби, односно носење никаб или бурка.
Стотици милиони љубители на пиво ширум светот би можеле за само неколку децении да останат без својот омилен пијалак. Посевите на растенијата од кои се произведува пивото исчезнуваат поради глобалното затоплување.
Илјадници луѓе денеска се собраа на централниот плоштад во градот Керч на Крим за да им оддадат почит на жртвите на нападот во средата на керчкиот Политехнички колеџ, извршен од ученик.
Познатиот хирург Лотај Тшеринг ќе биде новиот премиер на малото хималајско кралство Бутан, откако неговата левичарска партија „Друк Ниамруп Тшогпа“ (ДНТ) победи на третите демократски избори во земјата.
Полскиот премиер, Матеуш Моравиецки потврди дека Полска примила официјално известување од Европскиот суд за правда за замрзнување на постапката со која Варшава сакаше да воведе промени во назначувањето и пензионирањето на врховните судии.
Две лица се убиени, а двајца полицајци се сериозно повредени при престелка во југозападна Германија, соопштија германските власти.
Службеници во американската Амбасада во Сараево вршат притисок врз обвинителството на БиХ да поднесе обвинение против новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со цел да биде спречено неговото преземање на функцијата, објавија "Вечерње новости".
Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, сака да се воведе глобална минимална даночна стапка на профит со цел да спречи компании да купуваат фирми или да основаат седишта во земјите со ниски даноци, пишува „Ханделсблат“, повикувајќи се на експерт за даноци од Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).