Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе ја чини владата по 500 милиони фунти (650 милиони долари) неделно што во моментов ги брише средствата што може да се спасат од неплаќање на придонеси во Унијата, се наведува денеска во студија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е се уште рано да се зборува за тоа дали Русија ќе и даде помош на Србија по заострувањето на ситуацијата на Косово.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе се обиде да состави „најширока можна листа" за изборите за Европскиот парламент идната година, тврдејќи дека тие избори се „борба за цивилизацијата".
Британската премиерка Тереза Меј побара од Конзервативната партија да застане зад неа, со цел да и се овозможи на Владата да постигне добар договор со ЕУ за Брегзит.
Системот за рано предупредување на цунами што можеше да спречи смрт на 832 лица кои според најновиот извештај на властите загинаа во цунами, со години не е во функција бидејќи е во фаза на тестирање.
Силен тајфун ја погоди денеска Јапонија, поради што се откажани авионски летови во областа на Токио, а на југ во државата се повредени најмалку 50 луѓе.
Основачот на компанијата Тесла, Илон Маск, постигна договор со Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност на САД (SEC), која го обвинува за измама, со кој тој ќе ја напушти функцијата претседател на Управниот одбор, но ќе остане генерален менаџер.
Бунтовничката група Фајлак ал Шам, почна да се повлекува од демилитаризираната зона во североисточна Сирија. Тоа го соопшти Рами Абдулрахман шеф на Сирискиот центар за човекови права.
По изборите за Бундестагот во 2017 година, демохристијаните и СПД беа ослабени, а десничарската АФД со речиси 13 отсто освоени гласови стана најсилна опозициска партија. Денес состојбата на традиционалните народни партии е уште потешка
Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека тој и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „се заљубиле“ еден во друг, иако претходно се заканувале.