Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи синоќа дека никогаш не слушал за покраината Идлиб на која и се закануваат сириските и руски сили, се додека пред еден месец за тоа не му кажала жена на политички собир на негови приврзаници.
Романскиот министер за образование Валентин Попа денеска поднесе оставка по разговорот во парламентот со лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (СДП) Ливиу Драгња.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во Берлин, со што почна неговата тридневна посета на Германија.
На Филипините минатиот месец се убиени 444 осомничени луѓе во рамки на акции за сузбивање шверц на наркотици, објавија денеска филипинските власти.
Германските власти најавија помош од 432 милиона евра за економски развој на Авганистан во 2018 година.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави дека не го интересира палестинската држава. Неговата изјава уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп истакна дека го поддржува моделот на две држави за решавање на израелско-палестинскиот судир.
Пожар денеска избувна во облакодер во изградба на Народната банка на Кувајт. Околу 2.500 работници избегаа од зградата во пламен во главниот град Кувајт.
Претставничката на Социјалдемократите во Европскиот парламент Тања Фијон за време на дебатата за Србија предупреди дека не е сменета состојбата со медиумите, на неприлагодена политика на визната либерализација, како и на евентуална дестабилизација на регионот во случај на промена на границата, како дел од договорот помеѓу Белград и Приштина.
Европската комисија денеска соопшти дека е подготвена на секаков развој на настаните во врска со преговорите со Велика Британија за договорот за Брегзит.
Студената есен доведе до температури од дури минус осум Целзиусови степени измерени во областа Харгита во Централна Романија.