Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 26 Палестинци се ранети од израелски оган за време на масовни протести во близина на оградата што ги одвојува појасот Газа и Израел.
Три дена пред европската самит во Салцбург, кој главно ќе биде посветен на миграциските прашање, австрискиот канцелар Себастијан Курц најави организирање на средба на врвот ЕУ-Африка во декември, а францускиот претседател Емануел Макрон побара интензивирање на процесот за враќање на нелегални мигранти.
САД сметаат дека рускиот воен авион, кој, според руски медиуми, исчезнал синоќа над Средоземното Море, бил урнат поради невниманието на сириската артилерија, изјави американски претставник.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Во градот Јамагата во северна Јапонија е поставен светски рекорд за најголема чорба. Таа се послужуваше осум часа и нахрани половина град, а присутните официјални лица на Гинисовата книга на рекорди ја внесоа меѓу рекордите соборени во 2018 година.
Наскоро може да биде донесена одлука за воведување нови американски царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа Лари Кадлоу.
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска на средба во Сочи се договориле за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб долж линијата на фронтот меѓу бунтовничките сили и единиците на сириската армија.
Германската канцеларка Ангела Меркел планира да го разреши директорот на федералната безбедносна служба БФВ, Ханс Георг Мазен, поради неговите наводни врски и симпатии со националистичките групи во Германија, јавуваат германските медиуми.
Дваесетина пожарникари и граѓани се повредени во пожар што избувна денеска во трговскиот центар Кингс Плаза во Њујорк.
Словенечката полиција почна истрага по објавувањето на информациите за формирањето на паравоена формација наречена „Крањска гарда“.