Имран Кан прогласи победа за неговата партија ПТИ, на изборите што се одржаа на 25 јули. Ако стане премиер, Кан ќе ја заврши драмската транзиција од меѓународна крикет ѕвезда до лидер на нуклеарно вооружена земја
Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ најавува дека дека францускиот претседател Емануел Макрон тајно планира формирање на своја либерално демократска пратеничка група во Европскиот парламент по изборите во 2019 година.
Дождот и студениот бран им помогнаа на шведските пожарникари во справувањето со неколкуте големи шумски пожари што ја зафатија државата, но од метеролошката служба велат дека се потребни дополнителни дождови за да се загарантира целосното запирање на огновите, јави новинската агенција ДПА.
Над 12.000 пожарникари се борат со големиот шумски пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, во блзина на градот Рединг и кој досега однесе шест животи.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини специјалниот обвинител Роберт Малер за „конфликт на интереси“, поради кој не смее да води истрагата на наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година.
Најмалку 24 лица се повредени во најновото невреме што зафати делови од централна и западна Јапонија, а 150.000 куќи останаа без струја.
Владејачката Камбоџанска народна партија (ЦПП) соопшти дека победила на парламентарните избори.
Папата Франциско денеска го повика целиот свет да се спротивстави на „срамното злосторство“ - трговијата со луѓе.
Во Шпанија се спасени 123 мигранти кои се обиделе да го поминат Медитеранот, соопшти Шпанската поморска служба за спасување.