Седум лица загинаа, а седум други се ранети денеска кога бомбаш самоубец активирал експлозивна направа во џамија во градот Кондуга во северозападниот дел на Нигерија, јави ДПА.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги нарече верските лидери на Иран „лицемерни светци“ кои натрупале големо богатство додека нивниот народ страда.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е задоволен од постигнатото во надворешната политика во односите со Северна Кореја.
Брод со 40 мигранти од Африка веќе 11 дена е насукан во близината на брегот на Тунис, а туниските власти не им дозволуваат на луѓето да се симнат на територија на земјата.
Локалните власти на Ерусалим денеска забранија пристап до дел од „Ѕидот на плачот“, откако од него се одрони камен тежок 100 килограми.
Група од околу 850 бегалци од Сирија денеска се вратија во сириската област Каламун од Либан, каде што подолго време беа во засолниште.
Шведските власти информираат дека опасноста од шумски пожари се уште е висока, откако 50-ина пожари избија во повеќе делови на западот, северот и во централните шуми на земјата.
Германскиот министер за надворешни работи Кристофер Бургер денеска апелираше на воздржаност на лидерите на САД и на Иран по заострената реторика помеѓу иранскиот и американскиот претседател Хасан Рохани и Доналд Трамп.
Руските власти приведоа шестмина чувари во затвор во реонот на градот Јарославал во централна Русија, под обвинение за соучество во претепување на затвореник.
Најмалку 65 луѓе починаа поради високите температури во Јапонија, додека во рок од една недела 20.000 лица побарале лекарска помош.