Најмалку 30 лица починаа од топлотниот удар кој ја погоди Јапонија во текот на викендот, живата на термометарот се искачуваше и над 38 степени Целзиусови.
Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во близина на аеродромот во Кабул, при што загинаа 14 лица. ИД прецизира дека цел на самоубиствениот напад бил авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум.
Специјализиран тим на турската полиција во текот на три години спречил 645 самоубиства од мостовите над Босфор, јави агенцијата Анадолија.
Врховниот суд на Индија и нареди на индиската држава Утар Прадеш да го затвори и да го урне или обнови мавзолејот на Таџ Махал, објави „Економист“.
Петнаесетгодишно девојче од Индонезија, кое било силувано од нејзиниот брат, осудено е на шест месеци затвор поради извршен абортус.
Вооружените напаѓачи убија единаесет таксисти во Јоханесбург кога се враќале од погреб на нивни колега, соопшти портпаролот на полицијата.
Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да реагира решително и брзо за да ги спречи трагедиите на мигрантите на море.
Руската армија собори два неидентификувани дрона кои се движеле кон воздухопловната база Хмејмим во Сирија.
Руските власти одлучија да го затворат Музејот посветен на историјата на гулагот, кој се наоѓа во градот Јошкар-Оли, со образложение дека објектот е запуштен.
Американскиот весник „Дејли Бист“ ги открива плановите на поранешниот советник на Доналд Трамп и идеолог на алтернативната десница во САД, Стив Банон, да создаде паневропско популистичко движење со седиште во Брисел, пред следните избори за Европскиот парламент.