Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) изврши претрес во истражувачкиот центар, кој ја контролира руската вселенска агенција „Роскосмос“, поради наводно одавање на тајни за хиперсоничното оружје на западните шпиони.
Хакери украле лични податоци на над милион ипол жители на Сингапур, што е една четвртина од вкупното население во земјата, јави Би-би-си.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека и покрај различните ставови со американскиот претседател Доналд Трамп, односот со САД е од клучно значење за Германија.
Францускиот претседател Емануел Макрон реши да отпушти од работа припадник на службата за обезбедување на Елисејската палата, откако се појави видео запис на кој се гледа како тој тепа учесник на првомајските протести.
Неименуван висок претставник на НАТО ги потсети САД дека имаат обврска да го почитуваат принципот на взаемна одбрана во случај на агерсија врз една од земјите членки на Алијансата.
Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека нема никаков проблем со руската анексија на Крим од Украина.
Графолозите тврдат дека нашиот ракопис открива многу за нас и говори за нашиот нарав, навики и карактер. Поттикнати од автограмот што војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го даде на еден свој обожавател, „Дејли Меил“ објави анализа на потписите на неколку светски познати личности.
Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер идната недела доаѓа во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога ЕУ и САД се наоѓаат во сложени политичко-трговски односи.
Москва е подготвена да ја разгледа можноста претседателот на Русија, Владимир Путин да ги посети САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Украина и Турција се во преговори за заедничко производство на воен товарен авион, јави весникот „Дејли Сабах“. Според весникот, украинската компанија „Укроборонпром“ и украински „Антонов“ го планираат новиот авион Ан-188, со носивост од 50 тони.