Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска излезе со став дека договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не се потпира на широк консензус.
Канадската армија истражува мистериозен звук што доаѓа од морето во регион на Арктикот и последните месеци ги плаши животните, соопштија канадските власти.
Шеснаесет луѓе загинаа, а по 30 се трага откако потона брод со мигранти во близина на брегот на Северен Кипар. Турската и севернокипарската крајбрежна стража спасија 101 лице со помош на трговски бродови, кои биле во близина на местото на несреќата.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита.
Дигиталните часовиници во Европа кои се синхронизираат преку фреквенцијата на електроенергетската мрежа повторно доцнат, јави Дојче веле.
Повеќе од 77 илјади долари уплатила владата на САД на голф-одморалиштето во Шкотска што е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат податоци на федералната влада.
Турски суд денеска донесе одлука за продолжување на притворот на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кому се суди за „терористичка активност“.
Дванаесет момчиња и нивниот тренер по фудбал, кои беа блокирани во поплавена пештера во северниот дел од Тајланд, првпат се појавија во јавност откако беа спасени.
Како резултат на американските царини врз челикот и алуминиумот, Европската комисија од утре воведува привремени рестрикции на своја територија за челикот од трети земји, вклучително и од Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.