Во интервју за водителот Шон Хенети од Фокс Њуз, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика членките на НАТО да почнат да ги покриваат трошоците за функционирањето на воената алијанса.
Австралискиот премиер Малколм Турнбул изјави дека оценката на американското разузнавање за руското мешање во изборите во САД во 2016 година е многу убедлива и додаде дека претседателот Доналд Трамп не треба да му верува на рускиот колега.
Во неколку подрачја северозападно од Стокхолм регистрирани се неколку големи шумски пожари. Во гаснењето на огнот вклучени се и хеликоптери.
Британскиот министер за воени набавки Гуто Беб поднесе оставка откако синоќа гласаше против амандманот на предлог законот за царина, кој го поддржа Владата како дел од плановите за Брегзит.
Франција одлучи да го затвори своето трговско претставништво во Русија по, како што објави денеска, долгите преговори со тамошните власти започнати по протерувањето на шефот на претставништвото.
Бројот на граѓаните на Европската унија кои ја напуштиле Велика Британија во текот на изминатата година е највисок од досега регистрираните, објави Државниот завод за статистика на таа земја (ОНС)
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека односите меѓу двете држави никогаш не биле полоши, но дека се се променило од пред околу четири часа. Тој нагласи дека разговорите со рускиот претседтаел Владимир Путин биле „директни, отворени и длабоко продуктивни“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска по разговорите со рускиот претсеател Валдимир Путин дека конструктивен дијалог со Русија отвора нов пат кон мирот.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Хелсинки дека ставовите на Москва и на Вашингтон во однос на Крим, се различни. Тој додаде дека „за Русија тоа прашање е затворено“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска во Хелсинки дека не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи, а Владимир Путин „беше исклучително силен и моќен во неговото негирање денеска".