Британскиот министер за воени набавки Гуто Беб поднесе оставка откако синоќа гласаше против амандманот на предлог законот за царина, кој го поддржа Владата како дел од плановите за Брегзит.

Беб гласаше против амандманот кој ќе стави крај на британската наплата на царини за ЕУ по излезот на земјата од Унијата, дококу не биде усогласен реципрочен аранжман.

Беб е четврти член на британската Влада кој поднесе оставка откако на 9 јули, во знак на протест поради плановите на премиерката за излез на земјата од ЕУ, оставки поднесоа министерот за надворешни работи Борис Џонсон и министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, како и Стив Бејкер, заменик - министер за Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 10:28