Пет лица загинаа денеска кога чартер авион се урна во Мумбај. Полицијата соопшти дека не се знае точно колку луѓе биле во авионот, кој се урна во близина на висококатница во изградба.
Меркел во говорот во Бундестагот, рече дека „не сме се уште таму каде што сакаме да бидеме" што се однесува на миграцијата.
Турското обвинителство издаде налози за апсење на 57 офицери од вооружените сили во истрага насочена против организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, пренесува провладиниот медиум „Сабах“.
Попладнево започнува редовниот дводневен јунски состанок на шефовите на држави и влади на Европската Унија. На дневен ред, пред сѐ, миграциските предизвици на Унијата, за кои малкумина очекуваат дека лидерите ќе успеат да изнајдат убедливо европско решение.
Централната банка на Чешка неочекувано ја зголеми основната каматна стапка за четвртина од процентуалните поени на еден отсто, во обид да ја спречи инфлацијата.
Дваесет и девет годишен маж со нож нападнал три момчиња и една жена во близина на училиште во Шангај, при што две деца се убиени, соопшти локалната полиција.
Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, и 70 се повредени во пожар во голем маркет во Најроби, соопштија полицијата.
Велика Британија стравува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поткопа НАТО, со тоа што ќе се вклучи „мирен договор" со рускиот претседател Владимир Путин, кога двајцата ќе се сретнат идниот месец објави Тајмс.
Над 10.000 деца биле убиени или осакатени во вооружени конфликти ширум светот минатата година, други биле принудени да станат борци или се уапсени при напади врз училишта и болници, покажуваат податоците на ОН.