Партијата на европските социјалисти ги повика сите прогресивни партии и сите нејзини партии членки да го поддржат историскиот договор меѓу Македонија и Грција за деценискиот спор околу името и за владите во Атина и Скопје кои го постигнаа.
Договорот меѓу Скопје и Атина за новото име на Македонија е фер и избалансиран, и претставува многу важен чекор, изјави експертот за Југоисточна Европа од Лондонската школа за економија и политички науки, Џејмс Кер-Линдзи.
Израелски единици за деминирање уништија експлозивна направа во близина на Газа, која закачена за балон летала над автопат, соопшти израелската полиција.
Лидерот на пакистанските талибанци Мула Фазлула е убиен во напад на американско беспилотно летало во провинцијата Кунар, соопшти денеска авганистанското Министерство за одбрана.
Москва повика за итно укинување на сите унилатерални санкции против Северна Кореја, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Договорот меѓу Атина и Скопје е „добар компромис“ но неговата примена ќе биде тешка поради силниот отпор на националистите и слабоста на двете влади, смета Флоријан Бибер, професор на универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балкан.
Австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.
Руските жени се најдобри жени во светот и самите ќе одлучат што ќе прават, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, од кого беше побарано да го коментира повикот на Претседателката за семејни прашања при Државната дума - Тамара Плетнова
Последното испитување на јавното мислење на европските граѓани покажува зголемување на довербата во Европската унија, како и зголемен оптимизам за економијата, ова се дел од резултатите на последното истражување на Евробарометарот.
Франција е подготвена да ги прифати оние мигранти што се наоѓаат на бродот „АКвариус“, кои ги исполнуваат усовите за добивање азил, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.