Шпанската Цивилна гарда изврши денеска претрес во седиштето на регионалната полиција на Каталонија, „Мосос д’Есквадра“, во рамки на истрагата поврзана со референдумот за независност одржан на 1 октомври, изјави анонимен портпарол на Цивилната гарда.
Сменетиот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон побарал да одржи денеска прес-конференција во меѓународниот прес-центар во Брисел, со кој стопанисува белгиската влада, но бил одбиен.
Каталонската Европска демократска партија на Карлес Пуџдемон најави дека ќе учествува на изборите во декември, кои ги распиша Владата на Шпанија.
Членовите на каталонската Влада се обвинети за поттикнување на бунт, противдржавни активности и присвојување на државен имот, за што им се заканува затвор од најмногу 30 години. Маза најави дека ќе побара и мерки за обезбедување на обвинетите.
Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон заедно со други поранешни членови на кабинетот замина во Брисел, пишува весникот „Вангардија“, повикувајќи се на официјални претставници на шпанската Влада.
Поранешниот менаџер на претседателската кампања на Доналд Трамп, Пол Манафорт, му се предаде на ФБИ, соопшти американското Федерално истражно биро.
Федерика Могерини денеска соопшти дека ангажирањето на хашкиот осуденик, генерал Владимир Лазаревиќ за предавач на белградската Воена академија е во спротивност на европските стандарди.
Шпанскиот јавен обвинител Хосе Мануел Маза изјави денеска дека разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, како и други регионални лидери ќе бидат правно гонети за бунт, по илегалното прогласување независност од Шпанија.
Член на разрешената каталонска влада, Хозеп Рул, кој денеска објави фотографија од работното место, најавувајќи дека ги извршува своите одговорности, беше отстранет од двајца полицајци.
Кина ги разбира напорите на шпанската влада за зачувување на националното единство и спротивставување на активностите за распарчување на државата, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.