Двајца спасувачи загинаа во борба со свелечиштата што ги предизвика моќниот тајфун Мангхут на Филипините.
Вооружани напаѓачи во центарот на Мексико Сити убиле три лица и повредиле седуммина. Нападот се случил на плоштад каде имало голем број туристи.
Талибански бунтовници доцна синоќа соборија воен хеликоптер во западната авганистанска провинција Фарах, во реонот што е под контрола на Талибанците.
Ураганот Флоренс, пред да ослабне до тропска бура, зеде четири жртви во Северна Каролина.
Русија нема да реагира на американските барања да се извршат дополнителни инспекции во врска со хемиското вооружување, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Русија дека активно работи на саботирање на меѓународните санкции за Северна Кореја.
Александар Подлесњи прво видел скок, а потоа препознал облик на волк. Првата мисла му била - од каде тоа тука? Додека волкот му ја стегал раката, втората мисла му била - или јас ќе го убијам него или тој ќе ме убие мене.
Поранешниот државен секретар на САД Џон Кери го критикуваше денеска американскиот претседател Доналд Трамп поради одлуката да ги повлече САД од Парискиот климатски договор, наведувајќи дека тоа претставува најголем акт на неодговорност на еден американски претседател.
Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипините, соопштија локалните метеоролошки служби.
Нивото на реките во подрачјата погодени од ураганот Флоренс драматично се зголемува, предупредија метеоролозите откако денеска централниот дел од ураганот го погоди градот Рајтсвил Бич во Северна Каролина.