Со воени паради во Москва и во многу други региони на Русија денеска оваа земја го одбележува Денот на победата во Големата татковинска војна, пренесе ТАСС.
На деветти мај 1945 година со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа и 9 мај се оттогаш одбележува како Ден на победата.
Француската полиција во текот на минатата ноќ уапси најмалку 141 лице, кои учествувале во насилни протести по изборот на Емануел Макрон за нов претседател на Франција.
39-годишниот Макрон станува најмладиот претседател на Франција и осми по ред на Петтата Француска Република.
Центристот Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција од како освоил 65,5 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА од Париз.
Од руското крајбрежје на Црно Море „Газпром“ почна со изградба на морската траса од гасоводот „Турски поток“, соопшти компанијата.
Историјата на телевизиските дуели меѓу двата круга на претседателските избори во Франција, не бележи толку жестока и полна со навреди дебата меѓу двајцата кандидати за претседател.
Борците на терористичката група Исламска држава разработуваат своја социјална медиумска платформа, со цел да не бидат засегнати од мерките на безбедносните служби за нивните комуникации и прoпаганди.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска побара од Русија да ги укине трговските санкции за Анкара, со цел конечно да се нормализираат билатералните односи.
Си-Ен-Ен соопшти дека побарале од тимот да отстрани дел од спотот во кој традиционалните медиуми се оквалификувани како лажни вести.