Косовската полиција на преминот Јариње запрела комбе на Пошта на Србија со писма, кое сообраќа на редовната линија Рашка - Грачаница.
Според Стано, вчерашната акција на косовските власти е насочена против дијалог меѓу Белград и Приштина и претставува прекршување на договорените обврски.
Просечната температура во јули била за 2,9 степени Целзиусови повисока од просечната вредност во периодот 1991-2020 година и за 0,3 степени повисока од претходниот најтопол јули од 2012 година.
Медиумите во Бања Лука објавија дека Вулин во Пребиловце пристигнал со автомобил, без придружба, пренесе Бета.
„Сериозни сомнежи за интегритетот на процесот“ на повторните избори во албанскиот град Химара, според грчки дипломатски извори, покренуваат пријавите од припадниците на грчкото национално малцинство во Албанија, пишува државната новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Само за Халкидики имало 1.873 пријави од кои 234 во период од една седмица.
Лончар додаде дека денеска ќе биде претставен медицински тим и дека во него ќе бидат вклучени епидемиолози, доктори по медицина на труд и други експерти.
Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска Крајбрежната стража. Околу 35 килограми кокаин биле запленети во Пирејското пристаниште, а пратката била од Еквадор.
Гласањето најверојатно ќе биде во октомври, кога повторно треба Бугарите да излезат на гласање и да ги изберат пратениците во 51-то Народно собрание. Бугарски медиуми јавуваат за можни датуми – 13 или 20 октомври.
Тој додаде дека „каква и да глупост направи Курти тие не повикуваа да разговараме за тоа што тој брутално го прекршил“.