Речиси половина од вработените во Хрватска во просек се продуктивни на работа помалку од шест часа на ден, поминуваат 43 минути во дружење со колегите, 29 минути сурфајќи на интернет и 21 минута допишувајќи се со пријателите и семејството, покажува истражувањето на MojPosao.
Во периодот од 15 до 21 јули во Грција биле регистрирани 534 случаи на семејно насилство и уапсени 338 лица, додека пак на 184 жени жртви на насилство им била инсталирана специјалната тајна апликација на грчката полиција „Panic Button“, јави дописничката на МИА од Атина.
Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром Перо Билас денеска изјави дека ИТ системот на аеродромот синоќа бил нападнат од хакери.
Шест години подоцна, семејствата на жртвите сè уште бараат одговорности и одговори, судскиот процес заврши, голем дел од обвинетите беа ослободени, а осудените добија минимални казни, па затоа со поднесена жалба од обвинител, судењето започна одново на втор степен и е во тек.
- Ова е голем ден за Србија и Шумадија, за цела Србија. Ова ќе биде голема работа и за нашиот БДП. Ние сме единствени овде во регионот на Западен Балкан што има фабрика за електрични автомобили, рече Вучиќ.
Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу е интервјуирана денеска во Специјалното обвинителство откако изјави дека криминалните групи поврзани со Владата во Србија имаат удел во бегството на некои затвореници од косовските затвори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денешниот масакр во Домот за стари лица во Дарувар го оцени како монструозен чин, каде пет лица беа убиени на лице место, шестиот почина во болница, а неколку луѓе беа ранети.
Шестата жртва од денешниот напад во Домот за стари лица во Дарувар, во Славонија, им подлегна на повредите, соопшти полицијата.
Владата на Косово изрази разочарување по одлуката на Европската унија за укинување на визите за косовските Срби кои имаат пасоши издадени од властите во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанија ќе учествува на Гран-при на часовници 2024 година во Женева, Швајцарија, односно на светскиот „Оскар“ на часовничарите, со дело на златарницата „Пиррос“, објави премиерот Еди Рама.