Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денешниот масакр во Домот за стари лица во Дарувар го оцени како монструозен чин, каде пет лица беа убиени на лице место, шестиот почина во болница, а неколку луѓе беа ранети.

„Шокирани сме. Тоа е монструозен чин – убиство на неколку луѓе, мајка, и други многу стари луѓе. Претежно луѓе родени во 1930-тите. Се разбира, го осудуваме ова злосторство“, изјави Пленковиќ.

Според него, треба да се види што се случило за да дојде до вакво монструозно убиство на неколку лица во Домот за стари.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:17