Шестата жртва од денешниот напад во Домот за стари лица во Дарувар, во Славонија, им подлегна на повредите, соопшти полицијата.

Началникот на СВР Бјеловар-Билогора, Никола Милина, изјави дека во болница од здобиените повреди починало и шесто лице, откако пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки утрово пукал во вработените и жителите на Домот стари и изнемоштени лица во Дарувар.

Полицијата потврди дека човекот кој се поврзува со денешното повеќекратно убиство е под полициски надзор.

Според првичните информации пет лица загинале на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:05