Ако Србија прифати се што и се прави и што бараат, кажа Вучиќ, тоа е повик за војна.
- Ние сме решени да обезбедиме сите платформи, вклучително и Икс, да се усогласат со законодавството на ЕУ, нагласи Вестагер.
Според премиерот Роберт Голоб, придонесот на Словенија за поддршката на Украина, што беше договорен во средата на самитот на НАТО во САД, нема да се зголеми. Тој нагласи дека не смеат да се заборават дипломатските напори за мирно решавање на конфликтот во Украина.
На Украина не треба да и се даваат ветувања што не можат да се исполнат, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон, каде сојузниците ја потврдија поддршката за членството на Киев во блокот.
Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, дознава црногорска Побједа.
Додаде дека важно е да постои одржлив и праведен мир, „овој мир не може да се постигне во услови на капитулација на Украина, а за Украина да не капитулира, треба сите да продолжиме да ја поддржуваме“.
Протестот, преполн со тешки обвинувања и навреди на адреса на премиерот Еди Рама, минуваше без инциденти се до појавата на Бериша преку видео бим, кога беа фрлени молотови коктели на влезната владата на владата, целосно оштетувајќи ја истата.
Пред Уставниот суд утрово се одржа протест на еколошки активисти на повик на здружението „Не го даваме Јадар“ кое се бори против отворањето на рудникот. Повод за протестот беше седницата на Уставниот суд на која се разгледуваше уставноста на владината уредба.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, ќе остане на функцијата и во иднина, објавија денеска белградските медиуми.
Преку соопштение за медиумите, ОБСЕ ја критикува владејачката партија, Движење самоопределување, која ја предводи премиерот Албин Курти, затоа што нејзините пратеници го изгласаа законот кој е изработен без да се земат предвид забелешките на меѓународните експерти.