Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, повторно над 2.700 ново заразени за 24 часа, потврден 281 случај на делта сојот, а шест региони под лупата на властите и на чекор пред воведување мерки, е актуелната епидемиолошка слика во Грција, согласно последните официјални податоци, јави дописничката на МИА од Атина.
Авион на нискобуџетна авиокомпанија попладнево принудно слета на аеродромот Бургас.
Амбасадорот на ЕУ во Албанија, Луиџи Сореца, изјави дека сите правосудни институции во Албанија мора да работат заедно за ефикасност, интегритет и независност на правосудниот систем.
Лидерот на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов на својот фејсбук-профил напиша дека на денот по изборите на 12 јули објавил предлог-кабинет составен само од високо образовани професионалци со јасни приоритети.
Во првата половина од годинава за 63 отсто се намалил бројот на нови пристигнувања на бегалци и мигранти на грчките острови, споредбено со истиот период лани, а намалувања има и во бројот на баратели на азил кои престојуваат во Грција
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави најавената средба на претседателот на САД Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, изразувајќи надеж дека тие ќе дадат поттик за наоѓање решение за отворените прашања на Балканот и за споровите меѓу Косово и Србија
Задолжителната вакцинација нема да се поврзува со отпуштања, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека во следниот период ќе се донесе законска рамка што ќе ги регулира конкретните прашања
Во Албанија денеска пристигна пратка од 340.000 вакцини од Коронавак, што е најголема пристигната количина до сега во земјата
Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу предупреди дека „секој кој ќе се движи со оружје без дозвола ќе биде уапсен“
Од почетокот на јуни до крајот на минатата недела, Црна Гора потрошила околу 300.000 евра за бесплатно ПЦР-тестирање на туристите кои престојуваат во државата, објави весникот „Вијести“