Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Според КЛШ, инспекторите месото го испраќале во две фабрики за преработка на месо, кои исто така се предмет на проверка.
Уредба за тоа попладнево потпиша шефот на државата, Бајрам Бегај, експресно по одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК), за одземање на градоначалничкиот мандат на Фреди Белери, откако од него владата побара да одреди датум за избори.
Дополнително уште еднаш посочуваат дека албанските власти имаат обврската да ги преземат сите неопходни мерки за веднаш да му овозможат на Белери да учествува во работата на Европскиот почнувајќи од седницата на 16 јули во Стразбур.
Од ЕОДИ соопштија дека според нивните процени, оваа година, циркулацијата на вирусот може да биде интензивна, поради благите температури во текот на зимата и препорачаа преземање превентивни мерки против комарците.
Тунелот Логора, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај.
Тој на прес-конференцијата рече дека неколку години молчел бидејќи се занимавал со Белград и работи што требало да се направат, додавајќи дека го трпел Весиќ поради „мир во куќата“, бидејќи оди и го „озборува“ во Српската напредна партија (СНС).
Процесот на ЕУ интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно, вели министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“
Јавниот долг на Србија на крајот на мај годинава изнесуваше околу 36,35 милијарди евра, што е 47,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии на Србија.
-Нема никакво влијание од надвор. ЦИК го спроведува законот за декриминализација. Изборната комисија ги има сите овластувања да ја донесе оваа одлука, изјавил Илирјан Целибаши, претседател на комисија, објави Ора њуз.