Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во Косово ги повикаа денеска новата власт и опозиција во државата да работат на заедничките приоритети, нагласувајќи дека прва задача е изборот на нов претседател на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
На силните врски што ги обединуваат Грција и САД, како и на воената соработка меѓу двете земји се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на посетата на американскиот носач на авиони USS Dwight D. Eisenhower што пристигна во базата Суда на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Државниот секретар на Министерството за здравство на Црна Гора, Борко Бајиќ изјави дека целосно затворање на државата е опција за која се залага Институтот за јавно здравје и одделот од кој доаѓа, но дека оваа одлука не може да се донесе без проценка на други релевантни институции, пред се на министерствата за економија и финансии.
Новиот косовски премиер, Абин Курти, претпладнево официјално, со државна церемонија, ја презеде функцијата од досегашниот вршител на должноста шеф на Владата, Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во ноември и декември 2020 година, односно девет месеци по првиот карантин, за 6,5 отсто се намалил бројот на новороденчиња во Грција, споредбено со истиот период во 2019 година, согласно податоците од Министерството за внатрешни работи, кои ги објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Собранието на Косово го изгласа денеска со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Пресвртната точка во битката со Ковид-19 беше создавање на вакцини. Со нивна помош, можеме да се справиме со пандемијата и да ја вратиме слободата што вирусот ни ја одзеде.
Руската амбасада во Софија одговори со изјава дека протерувањето е неосновано и дека Москва го задржува правото да одговори.
Граничниот премин Капштица меѓу Албанија и Грција, кај Корча, ќе остане затворен до 5 април, односно по католички Велгден, соопшти денеска албанската гранична полиција.
Грција е НАТО сојузник од клучно значење и близок пријател на САД, обезбедувајќи стабилност и активно придонесувајќи кон мирот и просперитетот во Источниот Медитеран, Црното Море и на Западен Балкан, пишува американскиот претседател Џо Бајден до неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу во пораката по повод националниот празник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.