Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.
Министерството за внатрешни работи издаде наредба за прекин на јавниот собир „Мирдита, добар дан“ во Белград, соопшти вицепремиерот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека ќе се интензивираат контролите за цените на билетите, а постои и нов механизам што оценува изолирани случаи на неоправдани зголемувања.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјави дека во моментов ниту една партија во земјата не може да формира стабилна влада.
Поранешниот главен специјален обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ, беше сослушан во Специјалното државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело „воено злосторство врз цивилното население“ во областа Цавтат во 1992 година, дознава „Вијести“.
Џејмс О'Брајан рече дека Белград и Приштина мора да се посветат на решавање на проблемот под покровителство на ЕУ.
Албанскиот Институт за статистика објави дека утре ќе ги соопшти податоците од пописот на населението, поточно бројот на резистентно население.
Коментирајќи го почетокот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел, Брнабиќ за ТВ Пинк рече дека Курти не сака да го спроведе Бриселскиот договор и да формира Заедница на српски општини (ЗСО).
Поради хакерски напад што се случил рано утрово, сите информациски системи во Клиничко-болничкиот центар Загреб се исклучени, но новонастанатата ситуација нема да ги загрози пациентите, соопштија од здравствената установа.
Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.