На средбата на албанскиот премиер Еди Рама и шпанскиот тенисер Рафаел Надал, договорено е во пристанишниот град Драч, да биде изграден мултиспортски комплекс кој ќе ја имплементира методологијата за обука на Академијата „Рафа Надал“.
Од вкупно 15.800 смртни случаи, 13.600 случаи биле поврзани со изложеност на PM2.5 честички, според извештајот за Состојбата со глобалниот воздух од независниот, непрофитен Институт за здравствени ефекти со седиште во Бостон.
Владата на Србија денеска одлучи да биде зголемена цената на лебот од брашното Т-500 поради како што наведуваат поскапување на суровините.
Во Црна Гора платите, пензиите и бројот на вработени се зголемени во првиот квартал годинава, додека буџетот е во дефицит, извозот е намален за 31,2 отсто, а помали се и инвестициите поради послаби вложувања во недвижности.
На подрачјето на Обровац во Хрватска вчера експлодирало возило на чешко семејство, при што загина осумгодишно дете, а две жени и еден маж се хоспитализирани во Задар.
Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и Велика Британија.
Во однос на ситуацијата со мигрантите и вчерашниот текст во „Катимерини“ дека се зголемени мигрантските бранови, Мицотакис објасни дека големо зголемување имало лани во август, во септември и во октомври, а од тогаш се значително намалени.
Во соопштението се додава дека од избувнувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, низ Србија поминале 374.162 жители на Украина.
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана експлозивна направа, објавија „Вијести“ повикуваји се на извори во Полициската управа.
„Тоа нема никаква врска со Мирослав Лајчак, туку со фактот дека многу земји кои би морале да го искористат својот авторитет и влијание за да го спречат етнонационалистичкото дивеење на Курти, не го користат својот авторитет или не се заинтересирани“, рече Ѓуриќ во изјава за РТС, пренесе Бета.