Поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, ќе биде пренесен во атинска болница откако му биле констатирани благи симптоми на коронавирусот, соопштија од албанската Архиепископија
Директорот на Хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изрази задоволство од стагнацијата на бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот
Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 2.217 нови случаи на коронавирус, што е повеќе од двојно од претходниот ден
Експертот од албанското јавно здравство, Ерион Дашо, кој деновиве предупреди на целосен колапс на здравствениот систем, доколку не се превземат построги мерки, утрово на Фејсбук изрази сомневање за нетранспаретност околу состојбите во трите ковид болници
Најмалку четири лица загинаа, откако кусо пред шест часот утрово, во близина на Караташ, во областа Адана во Турција, се судриле грчки танкер со турски рибарски чамец, соопштија од крајбрежната служба на Турција
Сите оние кои од денеска, до 30 ноември ќе пристигнат со меѓународни летови во Грција, потребно е да имаат негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, синоќа ја демантираше изјавата на белградскиот адвокат Предраг Савиќ дека повторно ќе се седне на обвинителна клупа на Специјализираните совети во Хаг, бидејќи против него има потврдено обвинение, што се уште не е обелоденето
Албанскиот претседател Илир Мета упати апел дека е „крајно неопходно масовно да се зголеми бројот на тестирања“, како ефикасно средство за навремено следење и третман на граѓаните погодени од Ковид-19
Албанија од денеска воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот, по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во изјава по денешниот Самит за Западен Балкан во Софија истакна дека Економскиот и инвестициски план за регионот може да го смени економскиот пејзаж во регионот за четири до пет години, јави дописничката на МИА од Брисел.