Поради влошената епидемиолошка состојба, Кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина ги заостри мерките за спречување на ширење на Ковид-19 со воведување полициски час и намалување на бројот на дозволени лица на јавни собири од 50 на 30.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска на Самитот на Берлинскиот процес дека Србија сака да го забрза процесот на интеграција во ЕУ и силно да го поддржи пристапувањето на Унијата и нејзините соседи, особено Северна Македонија и Албанија.
Западен Балкан е во срцето на Европа, а неговата иднина е во Европска Унија, поради што ангажирањето на ЕУ беше и е толку силно, изјави шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел
Берлинскиот процес има незаменлива улога во јакнењето на регионалната соработка и поврзувањето на земјите од регионот со Европската унија на патот кон интеграцијата, нагласи денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека планот за создавање на заеднички регионален пазар на Западнобалканската шесторка, што беше усвоен денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, претставува важна пресвртница и охрабрувачка порака
Во првите два работни денови од вториот карантин, за 35 отсто е зголемен сообраќајот во Атина во споредба со првиот карантин, според информациите во грчките медиуми
Обилниот дожд во текот на текот на ноќта и рано утрово, предизвика поплави во источниот дел на грчкиот остров Крит
За да се избегне нелојалната конкуренција за време на карантинот, од утре е забранета продажба на облека и обувки, електронски производи, играчки, книги и слично во супермаркетите до 30 ноември, односно сѐ додека се затворени останатите продавници специјализирани за вакви производи
Во Бугарија во изминатите 24часа потврдени се 3.816 новозаболени со Ковид-19 врз основа на 8.826 тестирани лица
Лидерот на Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај рече дека косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека е покренато обвинение против лидерите на ОВК во Хаг, пренесува Репортери