Во 75-та година од животот почина еден од најпознатите албански актер и режисер, Кочо Деволе откако му се влошила состојбата по заразата со Ковид-19
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша рече дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.
Честитки за Џо Бајден и Камала Харис, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук по повод резултатите од претседателските избори во САД.
По веста дека Џозеф Бајден е избран за претседател на САД, пристигнаа и првите честички од регионот.
Во изминатите 24 часа, во Грција починаа 34 лица од Ковид-19, што претставува рекорден број смртни случаи на дневно ниво, додека пак регистрирани се 2.556 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако дадоа силна поддршка за водачите на ОВК, по обвинувањата и апсењето од страна на хашкиот трибунал, со тврдење дека тие ќе ја потврдат невиноста и праведноста на војната за слобода, дел од албанските политичари почнаа со обвинувања до премиерот Еди Рама.
Црн дневен биланс од Ковид-19 во Албанија, констатираат медиумите повикувајќи се на бројките на новозаразени и починати во последното деноноќие.
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 2.677 нови случаи на коронавирусот, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, а починаа уште девет лица
Албанија размислува за враќање на построгите ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19
Од шест часот утрово Грција е во целосен карантин, а дописничката на МИА од Атина го посети центарот на грчката престолнина, плоштадот Синтагма пред Парламентот, трговската улица „Ерму“, односно локациите, што под нормални услови се полни, како со Грци, така и со туристи